Episodios

  • #22 Трпиш или правиш компромис
    Jul 8 2024

    Често сме збунати и не знаеме дали правиме компромис и имаме здрави граници или сме се погазиле себе си за доброто на другите.

    Во оваа последна епизода од овој циклус ти споделувам и вежба што ќе ти помогне да откриеш дали правиш здрав компромис или само трпиш.

    Доколку па одлучиш да одиш подлабоко со индивидуална сесија, слободно испрати ми порака на contact@kristinadeskoski.com

    Más Menos
    13 m
  • #21 Зошто се лажеме себе си?
    Jul 1 2024

    Зошто умееме да се лажиме себе си или другите и да го менуваме тоа што ни се случува?

    Од што бегаме? Кои механизми на само-одбрана се палат во стресни и трауматични ситуации?

    На оваа тема истражувал Фројд и а потоа неговата ќерка Ана, и сето тоа ќе го слушниш во оваа епизода и ќе ти помогне да ги погледниш и освестиш своите обрзци на однесување од друг агол.

    Често знае да биде претешко да се соочиме со вистината, но затоа сум јас тука да со индивидуална сесија ти го олеснам тој пат. Затоа испрати ми порака и се гледаме на сесија. contact@kristinadeskoski.com

    Más Menos
    15 m
  • #20 Корист од проблемот
    Jun 23 2024

    Со оваа епизода ќе те натерам да преиспиташ кој е твојот хроничен проблем и која е неговата корист?

    Да, можеби звучи парадоксално но често нашата подсвест така го интерпретира нашиот внатрешен свет.

    Ако не можиш да најдиш одговор на прашањата од епизодата или ти е тешко, јави ми се во инстаграм https://www.instagram.com/kristinadeskoski/ или на мојата емаил адреса contact@kristinadeskoski.com каде можиш да си резервираш индивидуална сесија со која ќе го решиме твојот хроничен проблем.

    Más Menos
    12 m
  • #19 Зошто го немаш тоа што го сакаш?
    Jun 17 2024

    Дали во животот ќе имам нешто или не зависат само од една работа! Слушни ја епизодата и ќе откриеш што е тоа, но исто време ќе добиеш и алатка што ќе ти помогне на патот до изобилството.

    Доколку имаш потешкотии на овој пат, те поканувам на индивидуална терапија со хипноза која можеш да ја резервираш тука contact@kristinadeskoski.com

    Más Menos
    10 m
  • #18 Стравот како пријател
    Jun 11 2024

    Стравот знае да биде интелигентен и носи во себе информација која ќе не поттикне на раст и акција. Како да го искористиме неговиот потенцијал слушни во епизодата!

    А доколку се соочуваш со трауматски и психо-соматски стравови за тоа најдобро може да ти помогнат индивидуалтните сесии во кои ја користам хипнозата. Испрати ми порака на contact@kristinadeskoski.com доколку сакаш да се вклучиш на индивидуална терапија.

    Más Menos
    13 m
  • #17 Мислењето на другите
    Jun 3 2024

    Знам колку може да не парализира мислењето на другите и да не можеме да се мрдниме од место.

    Знам бев таму пред 17 години, каде што не само што ми беше важно мислењето на другите, туку тоа беше и единствено мислење што важеше, моето не постоеше.

    Денес?

    Сосема друга приказна. Хипнозата ми помогна да ги одслојам сите уверувања што ми кажуваа дека јас не вредам и нема да биде успешно тоа што ќе го направам.

    Денес живеам слобода. Дали го сакаш тоа за себе?

    Прати ми порака на contact@kristinadeskoski.com и можеме да почниме со твојата трансформација.

    Más Menos
    17 m
  • #16 Дали живееме слободен живот?
    May 27 2024
    Колку сме слободни или само живееме во таа илузија на демократско либерално опшество, а всушност му робуваме на некои норми. Дали можеме да си ја вратиме својата слобода и како, слушни во епизодата. Но за да одиш еден чекор понапред и го забрзаш твојот пат до слободата те поканувам на индивидуална сесија со хипноза. Закажи своја бесплатна консултација од 30 мин да видиш како ова ќе функционира за тебе. https://calendly.com/kristinadeskoski/clarity-call Се дружиме на Инстаграм : https://www.instagram.com/kristinadeskoski/
    Más Menos
    9 m
  • #15 Доследност
    May 20 2024
    Доследноста е категорија која го дефинира квалитетот на нашите односи, нашите резултати, и ниво на благосостојба. Зошто не сме доследни и кои бенефити ги има оваа вештина споделив во оваа епизода. Но понекогаш постојат внатрешни фактори кои не спречуваат да бидеме доследни и успееме. Тоа е нашиот емотивен и подсвесен дел. Често не знаеме сами да се справиме со овој дел, па затоа ти нудам поддршка да ми се придружиш во индивидуалните терапевтски сесии со хипноза каде ќе ти го олеснам овој пат. Закажи си консултација овде: https://calendly.com/kristinadeskoski/clarity-call
    Más Menos
    17 m