• Why so serious?

  • Dec 27 2023
  • Length: 22 mins
  • Podcast

  • Summary

  • Живееме во време на политичка коректност. Потребата за внимавање при изразување на сопствените ставови со цел да не се повреди или дополнително влоши состојбата на одредени општествени групи кои притоа може да се маргинализирани е легитимна, но прашањето е - дали хуморот треба и уште повеќе, во која мерка треба да се цензурира со цел да не повредат нечии чувства. Дали намерата е битна или не? Се чини дека просторот за хумор се стеснува и од лево и од десно. Левицата е сензитивна за работи кои се поврзани со сексуалниот или родов идентитет, додека десницата е подеднакво чувствителна на теми кои го допираат националниот или религиозен идентитет.

    Бројот на теми кои се забранети и непожелни, а често може да предизвикаат бојкот или јавен линч, од ден на ден се зголемува. Од друга страна, се поставува прашањето - кој е општествениот авторитет кој ќе каже што, кога и колку треба да биде цензурирано, и кој на тој авторитет му го дал тоа право со оглед на тоа дека каков и да е, тој ќе има одредена идеолошка, политичка, па и секаква друга пристрасност? Како тоа, од една страна, сè повеќе поддржуваме култура на бојкот на неистомисленици дури и кога се работи за хумор како јазична алатка, а на нашите ТВ претплати се наоѓаат емисии кои се олицетворени на политички некоректен, брутален и навредлив хумор кој во таков контекст не ни пречи?

    За овие теми разговараме со проф. д-р Бобан Карапејовски од Филолошкиот факултет при УКИМ и проф. д-р Александар Таковски од ААБ колеџот во Приштина.

    Show more Show less
activate_primeday_promo_in_buybox_DT

What listeners say about Why so serious?

Average customer ratings

Reviews - Please select the tabs below to change the source of reviews.