Episodios

  • Дали Скопје уште може да стане „отпорен град“?
    Jun 28 2024

    За отпорноста на градовите последните години наголемо се истражува, дискутира и делува низ светот, а поимот сѐ почесто се користи и кај нас. Имаме и Стратегија за отпорно Скопје и неколку студии кои истражуваат посебни сегменти од оваа тема. Но за точно да прецизираме што подразбира отпорност на еден град и што тоа подразбира во контекстот на Скопје консултираме двајца соговорници кои засебно се бават со одделни сегменти на проблемот.

    Во поткастот зборуваме со биологот Кирил Арсовски кои во моментот е вклучен го „Upsurge“ - голем меѓународен проект на истражувачки и научни организации од цела Европа меѓу кои е и Институтот за комуникациски студии од Скопје за идентификување на решенија за зголемување на отпорноста на градовите инспирирани од природата и со архитектката и урбан социолог Ива Петрунова.

    Кога е во прашање Скопје двајцата не се големи оптимисти, но сепак гледаат сегменти во градот на кои би можеле да се подобрат за нашата метропола да биде поотпорна на сите предизвици, а најмногу на оние кои ќе ги носат климатските промени. Отпорност на градовите не е само отпорност на земјотреси, туку и на загадување, топлина, поплави, метеж, бука... баш сѐ она што му недостасува на Скопје.

    Más Menos
    24 m
  • Дали ни требаат велосипедски автопати?
    May 31 2024

    Над 45 илјади километри велосипедски автопати се изградени во земјите од ЕУ. Кај нас уште се гордееме само со најдолгата слична патека - онаа на кејот на Вардар. Велосипедското поврзување меѓу нашите градови може да придонесе за развој на помалите места кои се заобиколени од главните автопати во земјата. Имаме доста рути кои лесно може да се надополнат со „велосипедски автопати“ со што ќе се отвори нова можност за патување и уживање во земјата. Во овој поткаст со велосипедистите и вело-активистите Никола Нешкоски и Дарко Арсовски разговараме на темата, дали во Македонија се потребни вакви велосипедски поврзувања, што опфаќа тааа инфраструктура, каде се најлесно изводливи, кои би биле продибивите од нив и какви се искуствата од возењето по вакви патишта во странство. Слушнете.

    Más Menos
    21 m
  • Палењето стрништа ја „гори“ и почвата
    May 9 2024

    Со закоравената пракса да се палат стрништата на земјоделските површини се гори плевелот, отпадот од нивите, но и почвата. Неретко горат и шуми, а за жал се случува да настрадаат и луѓе. Поради промените во климата, сега, во сезоните кога се палат стрништата, природата е посува отколку што била претходно, па огнот лесно наоѓа храна и може да се оттргне од контрола и да направи многу поголема штета. Во нашиот нов поткаст разговараме зошто оваа пракса се одржува тврдоглаво и покрај мноштвото предупредувања да не се прави, многуте обуки за штетните последици, како и можните казни ако се фатат оние кои подметнуваат вакви огнови?

    Со експертката за почви и професорка од Земјоделски факултет, Татјана Миткова, зборуваме за како палењето влијае врз квалитетот на почвата, со Валентин Захариев, виш советник во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството за палењето на стрништа во кочанско и за едукацијата на земјоделците и со Горјан Јовановски, советник од Зелен хуман град во Град Скопје за минатите иницијативи на градот за собирање на земјоделскиот отпад како и за иницијативата за отворање на компостари. Слушнете.

    Más Menos
    21 m
  • Дали подземните води се намалуваат поради преголемата „бетонизација“?
    Apr 2 2024

    Велат подземните води влијаеле на сонот, на расположението, на здравјето... За тоа не знаеме, но од разговорите во нашиот нов поткаст знаеме дека од подземните води во Скопје ние пиеме, наводнуваме, растеме храна, го одржуваме злеенилото кое го намалува загадувањето, ги користиме во индустријата. Од подземните води зависи и влажноста на земјата, од тоа пак здравјето на растенијата, од тоа пак влажноста на воздухот и дали ќе имаме „топлотни острови“. Големата урбанизација и покривањето на секое делче од градот со асфалт, бетон и градби ги намалува површините преку кои водата од врнежите може да се впие во земјата и да се слее во подземните природни резервоари.

    Со тоа имаме тренд на намалување на нивото на подземните води, а како тоа веќе влијае и може да влијае во иднина слушнете го поткастот со Васко Стојов, хидролог во Управата за хидрометеоролошки работи, и Бојан Симовски професор по урбана дендрологија на Шумарскиот факултет во Скопје.

    Más Menos
    27 m
  • Каков див свет има во Скопје?
    Feb 23 2024

    За разлика од постојаниот притисок за поголема урбанизација и средени симетрични простори кои му годат на човечкото око, на живиот свет му одговараат повеќе места кои на луѓето им личат на запуштени. За среќа, такви простори сѐ уште останале на некои места во Скопје, а некои видови на животни и птици се приспособиле да живеат и во оваа наша „бетонска џунгла“. Така и главниот град, таков каков што е, сепак претставува некаков екосистем, во кој покрај луѓето живеат и други видови. За тоа какви сѐ очи нѐ набљудуваат од своите скривалишта во градот разговаравме со истражувачите на Македонското еколошко друштво, Данка Узунова и Драган Арсовски. Слушнете какви видови на птици и животни живеат во Скопје, како треба да се однесуваме кон нив и со што би можеле да им го олесниме животот.

    Más Menos
    20 m
  • Дали роботска рака може да одгледа вкусен скопски јабучар?
    Jan 29 2024

    На пазар робот ви нуди зеленчук одгледан од робот. Тешко замисливо барем во догледна иднина дека до тој степен ќе се развие работата, но и кој да знае ако се има предвид дека технологијата брзо се развива, а концептот на дигитализацијата во земјоделството полека почнува да продира и во Македонија. За тоа дали дигитализацијата може да им помогне на земјоделците во настапувачките промени во климата, во влијанието врз животната средина и недостигот на работници во македонското земјоделство разговаравме со директорот на Земјоделски институт, проф Виктор Ѓамовски, сo Благоја Муканов - основач и сопственик на компанијата за дигитално земјоделство АгФутура и со претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска.

    Más Menos
    23 m
  • Што можеме да направиме ние со отпадот?
    Dec 22 2023

    Знаеме дека во нашата земја сѐ уште нема многу начини како секое домаќинство да може да го намали своето влијание врз заедничката животна средина. А сепак, некои начини постојат. И со тек на време, бавно, но сѐ повеќе се прошируваат овие можности. Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и училиште, годишниот одмор - сите тие имаат кумулативен ефект. Тоа што од секој одделно се чини по малку, кога ќе се собере заедно станува многу. Тоа што секој одделно може барем малку да го намали, исто така кога ќе се собере на куп, станува многу.

    За тоа што може да направи секој од нас зборуваме, не со „проповедници“, туку со неколку наши сограѓани кои живеат со оваа свесност и така и постапуваат во секојдневниот живот. Со модната дизајнерка Ирина Тошева која се грижи и за отпадот од модната индустрија, за храната со Димитар Самарџиев од Зелената Арка која ја создаде и одржува урбаната градина „Бостание“ во Ново Лисиче, а со Андријана Папиќ Манчева која со години експериментира како да го сведе домашниот отпад на НУЛА, токму за тоа, за отпадот од нашите домови.

    Más Menos
    24 m
  • Живот од 43 илјади пластични кеси
    Nov 17 2023

    Кесите ги забранивме по втор пат, а сепак ги има насекаде. Преминот кон алтернатинивите на бесплатните кеси за еднократна употреба и по десетина години никако да почне. Биоразградливи кеси во Македонија не постојат, а оние кои се разградуваат се распаѓаат на микропластика која потоа дишеме и јадеме.

    Кеса по кеса, секој ден во Македонија се користат и се фрлаат три милиони и сто четириесет и седум илјади пластични кеси за една употреба.

    Каде одат овие кеси? Што значи „биоразградливи“? Зошто ги гледаме само поголемите и подебели кеси со рачки, но не и помаите, потенки без рачки? Какво е нивното влијание врз здравјето? На овие и на многу други прашања разговараме со професорката Јадранка Блажевска – Гилев од Институтот за органска технологија на Технолошко металуршкиот факултет во Скопје и со Здравко Савески, политиколог и член на граѓанската Иницијатива за ослободување од еднократна пластика.

    Más Menos
    20 m